Дома Фудбал Останато Дешамп разочаран после ремито: Ова не е Плејстејшн

Дешамп разочаран после ремито: Ова не е Плејстејшн

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп беше разочаран после ремито со Украина во квалификациите за СП.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дешамп мораше да се правда пред новинарите зошто не ја искористил добро разработената негова формација, 4-2-3-1, бидејќи на овој меч излезе со формација 4-4-2.

„Ја пробав оваа формација против Моладвија пред две години, но ова не е Плејстејшн. Ти треба баланс во играта, вистински замени, но многу зависи и од противникот. Очекував Украина да биде затворена, но не до толку“, истакна Дешамп.

„Требаше да ја обезбедиме победата уште во првото полувреме имајќи предвид колку шанси создадовме. Во второто полувреме стана потешко. Примениот гол можеше да се избегне. Како и да е, се боревме до крај. Секако, сега сме разочарани“, додаде селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го финализира трансферот на бек

Барселона го финализира заемот на Хосуе Кайседо, кој во следната сезона ќе игра за дуплира…