Дома Фудбал Останато Дешамп: Погба не може да биде среќен во Манчестер

Дешамп: Погба не може да биде среќен во Манчестер

Францускиот селектор Дидие Дешамп вели дека нема начин на кој Пол Погба би бил среќен во Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Погба и оваа сезона ја започна слабо, па тренерот Солскјер на последните два меча го остави на клупата за резерви, а се погласно се шпекулира со негово заминување од „Олд Трафорд“.

„Го познавам добро Пол и тој го знае моето мислење. Тој е во ситуација во неговиот клуб со која не може да биде среќен, ниту со својата минутажа, ниту со својата позиција. Ова не е најдобриот период за него, имаше серија повреди, па и КОВИД-19 и мора да го најде својот ритам. Не верувам дека е среќен во својот клуб. Со мене, нема таков проблем и секогаш игра“, вели Дешамп.

„Немам совет за него, можам само да кажам дека со мене не му се случува тоа. Мора да го пронајде својот ритам, ќе се обидам да го изменаџирам најдобро што можам. Сигурно е среќен што се враќа во репрезентацијата“, додаде Дешамп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…