Фудбалерите на Реал Мадрид веќе пристигнаа во Киев и денес го одработија првиот тренинг на Олимпискиот стадионот пред утрешното финале во Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми пренесуваат дека Зидан веќе ги одредил 10-те стартери за утрешниот меч и има само една дилема.
Иако до вчера се тврдеше дека Иско ќе биде фаворит да го стартува мечот позади Роналдо и Бензема, на денешниот тренинг Зизу му даде предност на Герет Бејл во стартниот состав.
Многу е веројатно дека „кралевите“ утре ќе стартуваат со форимација 4-3-3, а во моментов Велшанецот е во предност пред Иско и Асенсио.
Во остатокот од тимот нема изненадувања, Карвахал, Варан, Рамос и Марсело ќе делуваат пред голманот Навас, а во средниот ред стартери ќе бидат Каземиро, Модриќ и Крос.