Дома Фудбал Англија Десет години од најбизарниот погодок во историјата на ПЛ

Десет години од најбизарниот погодок во историјата на ПЛ

Поминаа десет години од најбизарниот гол постигнат во историјата на Премиер лигата.

Во сезона 2009/10 Сандерленд го совлада Ливерпул, а голот кој го постигна Дарен Бент засекогаш ќе остане запаметен во историјата на англискиот фудбал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Сандерленд шутираше кон голот на Црвените на кој стоеше Пепе Реина. Топката на патот кон голот го погоди балонот кој го фрли еден од навивачите на домашниот тим и се одби во мрежата.

Залудни беа протестите на Ливерпул. Голот беше признат, а на крајот е прогласен за еден од најбизарните во историјата на фудбалот.

Судијата Мајк Џонс бил во шок кога го сретнал Бент на полувремето.

„Се сеќавам на неговото лице на полувремето. Ме праша дали ја погодив топката, а кога му признав, се виде паника на неговото лице. Сфати дека направи голема грешка.“ – изјави Бент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…