На НБА паркетите во текот на изминатата ноќ беа одиграни девет натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во дербито на вечерта Портланд беше подобар од Денвер, додека нови победи стигнаа Хјустон и Голден Стејт.
Портланд подобро го отвори натпревар и константно беше во предност се до половината на последната четвртина кога Наџентси направија пресврт, меѓутоа со серија од 9:0 домаќините го свртија резултатот во своја корист и така ја обезбедија четвртата позиција на Западот.
Домаќините беа предводени од Лилард со 30 и Амина со 23 поени, кај гостите се издвојува учинокот на Харис со 18 поени.
Најубедливата победа во вечерта ја оствари Хјустон победувајќи го Феникс со 149:113. После првото полувреме имаа предност од 30 поени разлика, а во продолжение само ја потврдија победата. Стандардно одличен беше Џејмс Харден кој постигна 30 поени и додаде 13 скокови. Кај Санси се издвојува учинокот на Карфорд од 27 поени.
https://www.youtube.com/watch?v=mgo-kihWmS8
Вориорсите без поголеми проблеми беа подобри од Клиперси. Во „Оракле Арената“ славеа со резултат 131:104, а уште еден одличен натпревар одигра Стеф Кари кој постигна 27 поени.
https://youtu.be/kHkKihbfsXQ
НБА РЕЗУЛТАТИ
Лос Анџелес Лејкерс – Јута 113:109
Портланд – Денвер 115:108
Сакраменто – Њу Орлеанс 129:133
Голден Стејт – Лос Анџелес Клиперс 131:104
Бостон – Орландо 108:116
Њујорк Никси – Вашингтон 113:110
Хјустон – Феникс 149:113
Милвоки – Атланта 115:107
Мемфис – Далас 127:129 (112:112)