Дома Топ вести Депај се сели во Серија А

Депај се сели во Серија А

Како што пренесуваат шпанските медиуми Милан и Рома се силно заинтересирани за наѓачот на Барселона, Мемфис Депај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и одлично се вклопи во тимот.

Меѓутоа, каталонскиот клуб има големи финансиски проблеми и не ја исклучува можноста да го продаде Холанѓанецот, особено поради фактот што го донесе без обештетување.

Чави не е симпатизер на неговата игра, ги доведе Торес и Обамејанг, па минутажата на Холанѓанецот сигурно ќе биде значително намалена.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Наводно Барселона за неговата слобида бара 25 милиони евра, а Милан и Рома се спремни да ја платат таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…