Дома Фудбал Репрезентации Денес е денот на одлука – Што ќе се случи со Вентура?

Денес е денот на одлука – Што ќе се случи со Вентура?

ventura

Статусот на селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Џан Пиеро Вентура и понатаму е непознат иако „Аѕурите“ доживеаа катастрофа во баражот против Шведска.

Вентура денес треба да има состанок со претставниците на Фудбалскиот сојуз на Италија, чиј претседател Карло Кавекио изјави дека дека овој состонок ќе биде одлучена неговата иднина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италија беше елиминирана во двомечот против Шведска и ќе го пропушти Светското првенство кое ќе се одржи наредната година.

Вентура има договор до 2020 година кој неодамна го продолжи, но во него има опција според кој би бил раскинат доколку репрезентацијата на Италија не се пласира на Светското првенство.

Тој ги избегна медиумите еден ден после натпреварот во Милано, наводно заминал рано утрото од споредниот излез на хотелот со својот автомобил.

Италијанските медиуми веќе пренесуваат дека негови потенцијални замени се Антонио Конте, Роберто Манчини и Масимилијано Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…