Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни осум натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот кошарка, Никола Јокиќ одигра уште еден добар натпревар, но овој пат неговиот Денвер не победи. Хјустон беше пресилен и славеше победа со 125:113. Јокиќ имаше учинок од дабл-дабл со 24 поени, 13 скокови и четири асистенции, додека Монте Морис додаде 21 поени, а Гери Херис 14.
Во тимот на Хјустон лидер беше Џејмс Харден со 32 поени, 5 скокови и 14 додавања.ж
Тимот од Тексас се наоѓа на четвртата позиција на Западот со скор 23:16. За Денвер ова беше прв пораз после пет натпревари и останува лидер со 26:12.
https://youtu.be/qw5oLBiHH-o
Богдан Богдановиќ го предводеше Сакраменто до победа над Орландо со 111:95. Српскиот репрезентативец постигна 15 поени и додаде уште 8 скокови и 7 асистенции за 32 минути поминати на паркетот.
Во тимот на Орландо се истакна Никола Вучевиќ со 18 поени и 13 скокови.
Далас беше поразен од ЛА Лејкерси со 107:97, но Лука Дончиќ одново имаше феноменална вечер со 28 поени, 8 скокови и 2 додавања. (ТУКА)
https://www.youtube.com/watch?v=9MmZv7wfYGQ
Кај Лејкерси, Лонзо Бол уфрли 21 поен и додаде 7 скокови и 5 додавања, додека Брендон Инграм беше најефикасен со 29 поени.
НБА резултати:
Бостон – Бруклин 116:95
Хјустон – Денвер 125:113
Милвоки – Јута 114:102
Њу Орлеанс – Мемфис 114:95
Далас – ЛА Лејкерси 97:107
Портланд – Њујорк Никси 111:101
Сакраменто – Орландо 111:95