Дома Останати Тенис Ден за историја: Ѓоковиќ го сруши големиот рекорд на Федерер

Ден за историја: Ѓоковиќ го сруши големиот рекорд на Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес и официјално стигна до една од неговите најголеми цели во кариерата.

Новак од денес е тенисерот со најмногу недели поминати на врвот на АТП листа. Ѓоковиќ ја започнува 311 недела како лидер на АТП и зад себе го остави Роџер Федерер со 310. Зад нив следат Пит Сампрас со 286, Иван Лендл со 270 и Џими Конорс со 268.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За првпат Ѓоковиќ до врвот на АТП листата дојде во 2011 година кога го победи Жо Вилфред Цонга во полуфиналето на Вимблдон, таа година во финалето го победи и Надал.

Следната цел за Ѓоковиќ е бројот на Грен Слем титули. Во овој момент Србинот има 18, пред него се Надал и Федерер со по 20 освоени титули на големите турнири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…