Дома Фудбал Италија Де Лихт пристигнува, Бонучи заминува: Два клуба во борба за играчот на Јувентус

Де Лихт пристигнува, Бонучи заминува: Два клуба во борба за играчот на Јувентус

Екипата на Јувентус и оваа сезона ќе претрпи одредени промени и тоа на сите линии.

Првакот на Италија е блиску до ангажирање на Матијас де Лихт од Ајакс, а какошто пишуваат италијанските медиуми тој местото во првите 11 ќе го добие наместо Бонучи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, ниту Бонучи не е спремен да ја грее клупата, а во борба за негов потпис се веќе вклучени два великани.

Се претпоставува дека кариерата би требало да ја продолжи во Англија, но постои можност и да го избере тимот од Франција.

За неговиот потпис се борат Манчестер Сити и ПСЖ, а поблиску до реализација е тимот од Англија.

Наводно, Јувентус е спремен да го продаде за 50 милиони евра, па останува да видиме кој од овие два клуба ќе има поголем успех во преговирите со Јувентус, но и со самиот Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…