Британските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид воспоставиле контакт за трансфер на Де Брујн.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Челниците на Кралевите веќе отпочнале преговори со менаџерот на Кевин Де Брујн, Патрик Де Костер за евентуален трансфер на неговиот клиент на Сантијаго Бернабеу.
За фудбалерот на Манчестер Сити веќе подолго време интерес покажува и ПСЖ, но и Сити отворил преговори за продолжување на неговиот договор.
Оваа сезона 26. годинишниот фудбалер за врска игра во фантастична форма со 5 погодоци и 10 асистенции зад неговото име.
Тој во Сити дојде во 2015. година од Волфсбург за трансфер вреден 75. милиони фунти. Претходно настапуваше за Вердер, Челси и Генк.