Дома Останати Двајца Македонци во тимот на колото во Хрватска! 📸

Двајца Македонци во тимот на колото во Хрватска! 📸

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски и Димитар Митровски е помеѓу најдобрите 11 во последното коло од ХНЛ шампионатот.

Динамо на Ристовски одигра 0:0 против Осијек, додека Митровски постигна гол во победата на Вараждин на гости кај Шибеник од 0:2.

За Ристовски ова не е првпат да биде помеѓу најдобрите 11 и е само потврда за добрата сезона, посебно оваа пролет во која постигна четири гола и подели две асистенции. Од друга страна Митровски во последниот период не играше баш во најдобра форма, па ова можеби е најава за подобри денови во неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

По селекцијата во Битола, младите џудисти одат по балкански медали во Сараево

Македонската селекција до 12 години ќе се натпреварува на Балканското првенство на 24 и 25…