Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Далиќ пред полуфиналето: Сакаме повеќе

Далиќ пред полуфиналето: Сакаме повеќе

Селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ истакна дека пласманот во полуфинале е голем успех, но „коцкестите“ сакаат повеќе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Ние сме меѓу четирите најдобрите тимови во светот. Тоа е исклучителен успех за Хрватска, но ние сакаме повеќе. Играме против големата Аргентина предводена од Лионел Меси. Го анализиравме противникот, јас по природа сум оптимист и верувам на играчите“, изјави Далиќ.

„Мојот тим има неверојатен карактер, инаку немаше да бидеме во полуфинале и тоа после два меча кои ги игравме на продолженија. Имаме сила, желба и енергија. Ќе го дадеме најдоброто од себе“, додаде селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Алонсо го откри планот за Мудрик по потврдата дека се враќа во Челси

Хаби Алонсо откри дека Михајло Мудрик ќе им се придружи на своите соиграчи од Челси по уки…