Хрватскиот стратег Динко Јелиќиќ ќе биде новиот привремен тренер на Ал Наср откако Руди Гарсија заработи отказ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите објавија дека главен виновник за смената на клупата на Ал Наср е Кристијано Роналдо. Португалецот бил убеден дека некој друг стратег многу подобро ќе го води Ал Наср, па набрзо и дојде до промената.
Токму затоа изненадувачката е пораката која ја испрати Роналдо преку социјалните мрежи, а за многумина таа е лицемерна.
„Беше задоволство да се работи со вас. Ви посакувам се најдобро во иднина“, објави Роналдо со фотографија на која се ракува со Гарсија.