Дома Фудбал Лига на шампиони „Да се игра фудбал е едноставно, но да се игра едноставен фудбал е најтешкото нешто на светот“ (ВИДЕО)

„Да се игра фудбал е едноставно, но да се игра едноставен фудбал е најтешкото нешто на светот“ (ВИДЕО)

Ајакс се врати на европската сцена во голем стил. Освен што се борат за титулата во Холандија, Ајакс е вистинска сензација во Лигата на шампионите.

Одлично во групната фаза младите фудбалери на Ајакс се носеа со Баерн, во осминафиналето го разбија Реал Мадрид Мадрид, а во четвртфиналето со фантастична претстава во реваншот во Торино го елиминираа Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европските гиганти не му можеа ништо на разиграниот Ајакс кој во полуфиналето ќе ги одмери силите со Тотенхем.

Освен со резултатите Ајакс оваа сезона воодушеви и со играта. Овој тим игра фантастичен фудбал, баш онаков како легендарната изјава на големиот Јохан Кројфт.

„Да се игра фудбал е едноставно, но да се игра едноставен фудбал е најтешкото нешто на светотт“, изјави своевремено легендарниот Холанѓанец.

Видеото од половина минута и акцијата која играчите на Ајакс ја направија против Јувентус е најдобриот показател како игра Ајакс оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…