Веројатно забележивте дека натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Валенсија започна пет-шест минути подоцна, сега е откриена причината и е навистина неверојатна.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англискиот клуб на новинарите им соопшти дека натпреварот морал да започне со мало задоцнување затоа што играчите – задоцниле на натпреварот!?
Да, тоа може да се случи на натпреварот во Лигата на шампионите!
Како причина засега се наведува метежот во собрајќајот, но со оглед на ситуацијата во клубот веројатно никој не верува.
Треба да се истакне дека ова е прв случај во историјата на Лигата на шампионите, еден тим да задоцни на натпреварот како домаќин.