Дома Останати Ракомет Групи во ЛЕ: Вардар ако приреди сензација ќе игра против Талески и Бенфика!

Групи во ЛЕ: Вардар ако приреди сензација ќе игра против Талески и Бенфика!

Во седиштето на Европската ракометна федерација денес беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на Европа.

Македонија веќе има обезбедено учесник во групната фаза, а тоа е тимот предводен од Кире Лазаров, Алклаоид. За македонскиот вицешампион ова ќе биде дебитантска сезона во Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алкалоид ќе игра во група со Силкеборг, Ла Риоха и Војводина во групата Ф. Од друга страна ако Вардар успее да го помине Рајн Некар Левен кој е огромен фаворит ќе се придружи на Бенфика и Талески во групата А каде што се уште Кристијанштад и Нант.

Натпреварите во групната фаза стартуваат на 17-ти октомври.

група А: Нант, Кристијанштад, Бенфика, Вардар/Рајн Некар

група Б: Горњик Забже, АЕК Атина, Криенс Луцерн, Иштад/Хановер

група Ц: Куенка, Горење Велење, Савехоф, Агуаш Санташ/Винтертур

група Д: Нексе, Повашка Бистрица, Скјерн, Тримо Требње/Брага

група Е: Кадетен Шафхаузен, Елверум, Фленсбург, Ловќен

група Ф: Силкеборг, Алкалоид, Ла Риоха, Војводина

група Г: Фуксе Берлин, Динамо Букурешт, Шамбери, Извиѓач

група Х: Спортинг Лисабон, Татабања, Хобри Глогов, Констанца/Гранољерс

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Капело брутално искрен: Што освоил тој за да биде топ тренер? Го сметаат така затоа што Гвардиола го спонзорира…

Италијанецот Де Зерби кој го води Брајтон често во изминатиот период се вбројува помеѓу то…