Дома Фудбал Италија Грозно: Гневен навивач на Бонучи му посака смрт и на него и на синовите, стоперот му одговори

Грозно: Гневен навивач на Бонучи му посака смрт и на него и на синовите, стоперот му одговори

Италијанскиот репрезентативец и повратник во редовите на Јувентус на социјалните мрежи се соочува со гневот на навивачите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Леонардо Бонучи на својот Инстаграм профил постави слика со синовите, добро познати се проблемите со здравјето кои ги има неговиот помлад син.

Стоперот ова лето се врати во Јувентус, не сакаше да ја напушти Италија дури и минатото лето кога имаше подобри понуди од онаа на Милан.

„Би сакал да умреш и ти и твоите синови“, напишал гневиот навивач…

Поради навистина грозната порака Лео мораше и да му одговори.

„Можеби еден ден ќе живееме во подобар свет до тогаш се надевам дека ќе ги чувам моите деца од луѓе каков што си ти. Можеби некој би требало да ти помогне да се промениш, но од тие го*на кои се давиш тешко дека некој може да те извлече“, возврати стоперот на Јувентус и Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти за првпат се огласи за ситуацијата на Нејмар по повредата!

Повредениот Нејмар (34) сигурно ќе учествува на Светското првенство, уверува селекторот на…