Дома Фудбал Гризман се збогуваше со навивачите на Барса: Си заминувам тажен, давав се од себе за овој дрес

Гризман се збогуваше со навивачите на Барса: Си заминувам тажен, давав се од себе за овој дрес

Антоан Гризман ја започна третата сезона во Барселона, но вчера премина во Атлетико Мадрид каде што прво ќе игра како позајмен фудбалер, а „јорганџиите“ ќе имаат обврска да го откупат неговиот договор за 40 милиони евра.

Гризман во Барселона потфрли и не ги исполни очекувањата кои ги имаа навивачите од него, не успеа да ја пронајде најдобрата форма.

Со навивачите на Барса Гризман се збогуваше со кратка порака на социјалните мрежи.

„Сакани навивачи, се зборувам со голема благодарност за љубовта која ја добив. Давав се од себе за овој дрес, но си одам тажен затоа што не уживав со вас на трибините. Сепак, горд сум што бев еден од вас“, порача Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…