Дома Фудбал Гризман: Знам кој мора да ја освои Златната топка

Гризман: Знам кој мора да ја освои Златната топка

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е еден од 30 номинирани фудбалери за Златната топка.

Тешко е да се каже кој оваа година е прв фаворит за ова големо признание, но Гризман во првата изјава после номинацијата на кандидатите даде јасна изјава.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Што и да се случи, оваа година наградата мора да ја освои некој Французин.“ – рече Гризман.

Гризман има солидни шанси да дојде до ова признание, иако се чини дека шансите на Мбапе се нешто поголеми. Освен нив двајца, уште петорица Французи се меѓу 30те кандидати за Златната топка и тоа: Канте, Варан, Погба, Лорис и Бензема, кој не беше член на селекцијата на Франција во Русија.

Нормално, меѓу фаворитите и оваа година се наоѓаат Роналдо и Меси, кои најизменично ја освојуваа оваа награда уште од 2007 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе откри за кој клуб отсекогаш навивал: Би можел да заиграм таму

Килијан Мбапе станува слободен агент на 30 јуни. Светските медиуми веќе подолго време пишу…