Дома Фудбал Репрезентации Гризман за дербито на денот на ЕП: Дел од моето семејство ќе навива за Португалија

Гризман за дербито на денот на ЕП: Дел од моето семејство ќе навива за Португалија

Денес во дербито на денот на Европското првенство ќе се сретнат Франција и Португалија. Во реприза на финалето од 2016 година двете репрезентации ќе ги одмерат силите во Будимпешта.

Гризман со голема чест и задоволство ги брани боите на Франција меѓутоа семејството на неговота мајка води потекло од Португалија, па тој е убеден дека дел од неговите најблиски ќе навиваат за Португалија.

„Овој натпревар е навистина посебен за моето семејство. Сигурен сум дека дел од семејството натпреварот ќе го гледа во дрес од Португалија, а друг дел во дрес од Франција. Како и да заврши натпревар, некој на некого ќе му се потсмева на крајот“, изјави Гризман.

Ќе потсетиме во финалето во 2016 година Португалија ја победи Франција со 1:0. Денешниот дуел се игра со почеток од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…