Дома Македонски спорт Мак фудбал Градскиот стадион во Велес доби ново име

Градскиот стадион во Велес доби ново име

Борец од Велес после долги години конечно успеа да се пласира во првата македонска фудбалска лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од Велес оваа сезона ја освои Втората лига Исток. После влегувањето во првата лига Борец го промени името на стадионот.

Одлуката за промена на името на стадионот едногласно ја донесе Советот на Општината на последна седница.

Одлучено е стадионот да го носи името на преранот починатиот голман на овој клуб, Зоран Паунов кој е спортска велешка легенда.

„За прв пат во Велес одлучивме на најстариот спортски објект да му дадеме име на современик, заслужен за успесите на градскиот фудбал и промотор на градот како и на својот клуб Борец во државата. Стадионот ќе го носи името на Зоран Паунов“, изјавија од советот на Општината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …