Дома Фудбал Англија Готово: Тухел е новиот селектор на Англија

Готово: Тухел е новиот селектор на Англија

Германскиот стратег Томас Тухел ќе биде нов селектор на Амглија. Тој ја прифатил понудата да го преземе кормилото на Англија, објави „Скај Спорт“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Германецот, кој е без работа откако го напушти Баерн ова лето, ќе стане постојан наследник на Герет Саутгејт, кој поднесе оставка по поразот на Англија од Шпанија во финалето на ЕП 2024.

Тухел ќе го преземе националниот тим на Англија на почетокот на 2025 година и ќе ја води низ квалификациите за СП 2026.

Тој ќе биде третиот странски селектор на кормилото на англиската репрезентација, по Свен Горан Ериксон и Фабио Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Очајнички потег на Бенфика да го привлече Мурињо за Лисабон пред Реал Мадрид

Управата на Бенфика е решена да го задржи својот главен тренер Жозе Мурињо, додека расте и…