Нов селектор на фудбалската репрезентација на Србија ќе биде Саво Милошевиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во последниот месец многу се шпекулираше за тоа кој ќе биде наследник на Љубиша Тумбаковиќ на клупата на Србија. Како еден од фаворитите се споменуваше Драган Стојковиќ Пикси, но преговорите со Пикси пропаднаа, па во федерацијата на Србија се насочија кон нови решенија.
Денес на големо српските медиуми тврдат дека се е завршено и е постигнат договор со Милошевиќ. Сега се чека само официјална потврда која би требало да дојде многу брзо.
Ќе потсетиме Милошевиќ на почетокот на актуелната сезона го напушти Партизан. Негов помошник во репрезентацијата наводно ќе биде Радован Ќуриќик со кој соработуваше во белградскиот клуб.