Дома Топ вести Готово: Реал го купи најбараниот бразилски талент

Готово: Реал го купи најбараниот бразилски талент

Ендрик Филипе Мореира е новиот голем бразисли талент кој ќе пристигне во Реал Мадрид.

Станува збор за фудбалер на Палмеирас, кој има само 16 години и неодамна дебитираше за првиот тим. Ендрик сепак го привлече вниманието на многу европски гиганти кои се „тепаа“ за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, Реал ја победи конкуренцијата и ја доби битката за неговиот потпис.

Бразилските медиуми пренесуваат дека Реал за неговиот потпис ќе плати 60 милиони евра плус 12 милиони евра бонуси.

Трансферот треба да се реализира во јануари, а фудбалерот ќе остане на позајмица во Палмеирас додека не наполни 18 години, па на „Сантиаго Бернабеу“ ќе се пресели во јуни 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …