Дома Фудбал Англија Готово: Познато кога Мората ќе пристигне во Манчестер!

Готово: Познато кога Мората ќе пристигне во Манчестер!

Иако Реал првично не сакаше да ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед за Алваро Мората, двата клуба конечно пронајдоа заднички јазик и Мурињо ќе го добие посакуваното засилување во нападот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мадридски „АС“ потврди дека е постигнат договор и дека Мората во наредните 48 часа ќе стане фудбалер на Манчестер Јунјатед, а веста ја потврди и „Сан“ кој откри дека Шпанецот во четврток ќе пристигне во Англија.

Манчестер Јунајтед за потписот на Мората ќе плати приближно 80 милиони евра и ќе биде второ засилување за „црвените ѓаволи“ ова лето после Виктор Винделоф.

Мората моментално е на Сардинија со својата сопруга, но во четврток ќе пристигне во Манчестер на медицински прегледи, а потоа ќе потпише 4-годишен договор со „црвените ѓаволи“.

Со овој трансфер ќе биде остварена најголемата трансфер желба на Мурињо ова лето, а Манчестер Јунајтед ќе добие нова „деветка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатниот Африканец одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

ЈАН ДИОМАНДЕ (19), репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, го избра Пари Сен-Жерме…