Дома Топ вести Готово: Откриено кога Барса ќе го претстави Гризман на „Камп Ноу“

Готово: Откриено кога Барса ќе го претстави Гризман на „Камп Ноу“

Како што пренесува „Марка“, трансферот на Гризман во Барселона е веќе завршена работа и ќе биде официјализиран во наредните денови.

Францускиот напаѓач пред два месеци соопшти дека го напушта Атлетико после пет години, а сега е јасно дека негова следна дестинација ќе биде Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Марка“ пишува дека Гризман постигнал договор со каталонскиот клуб за петгодишна соработка, а Атлетико Мадрид од овој трансфер треба да добие 125 милиони евра, колку што и изнесува неговата откупна клаузула.

Како ново засилување на „Камп Ноу“ Гризман би требало да биде претставен во четврток на 11-ти јули.
Ваквиот расплет не е изненадувачки, поради тоа што уште порано директорот на Атлетико ги „разоткри“ сомненијата околу иднината на одличниот напаѓач.

Гризман во Атлетико дојде во 2014-та година од Реал Сосиедад за 30 милиони евра и изминатите години се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пикси објави список од 35 фудбалери за Европското првенство

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси денеска го објави поширокиот список н…