Според пишувањето на италијанските медиуми, раководството на Милан веќе го договорило првото засилување за наредната сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Росонерите“ во последното коло ќе се борат за влез во Топ 4, треба да победат, но и да чекаат кикс на Аталанта или Интер.
Во меѓувреме раководството веќе работи на новите засилувања. Приоритет на „росонерите“ ќе биде да се засили средниот ред, каде заминуваат Монтоливо и Бертолачи.
Италијанските медиуми тврдат дека Милан веќе постигнал договор со Сасуоло за 23-годишниот играч за врска Стефано Сенси.
Италијанскиот репрезентативец беше мета на повеќе клубови, но Милан успеа да ја победи конкуренцијата и за неговиот потпис ќе плати 25 милиони евра.
Сенси во наредните денови се очекува да потпише 5-годишен договор со миланскиот гигант според кој ќе заработува 1,8 милиони евра по сезона.
Сенси оваа сезона одигра 30 натпревари во Серија А на кои постигна 2 гола и запиша 5 асистенции.
https://youtu.be/pGrNU7GAz04