Дома Топ вести Готово: Мемфис Депај во Атлетико Мадрид

Готово: Мемфис Депај во Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај, кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Веднаш после заминувањето на Жоао Феликс, прва желба на Атлетико за негова замена беше Мемфис Депај од Барселона.

Последните информации од Шпанија говорат дека двата клуба постигнале договор и Депај ќе се пресели во Атлетико за сума од 3 милиони евра.

Неговиот договор со Барселона истекуваше на крајот на сезоната, па поради тоа сумата на трансферот е симболична.

Како што објави „Мундо Депортиво“, холандскиот напаѓач веќе се договорил за соработка со мадридскиот клуб до 2025 година.

Оваа сезона 28-годишниот Депај одигра четири натпревари за Барселона во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…