Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Готово е кога Германците ќе кажат крај – Тони Крос со мајсторија ги остави во живот!

Готово е кога Германците ќе кажат крај – Тони Крос со мајсторија ги остави во живот!

Maлку недостасуваше Германија да се најде пред елиминација…

Германија мораше да ја победи Шведска за да остане во добра позиција за 1/8 финалето и на крајот победија и тоа со мајсторија на Тони Крос во 95 минута!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светскиот шампион започна силно, создаваше шанси пред голот на противникот, но во 32 минута следуваше вистински шок.

Една брза контра на Швеѓаните беше претворена во погодок, Тоивонен го лобуваше Ноер за предност од 1:0! До крајот на првиот дел Германија продолжи да напаѓа, но погодок немаше.

Вториот дел следуваше нов бран на напади кон голот на Швеѓаните и после само три минути Марко Ројс погодува за 1:1.

Во тие моменти изгледаше како светскиот шампион да ја има контролата над натпреварот, создаваа прилики. На крајот притискаа со сите сили, а голот го постигнаа онака како што тие знаат во последната секунда! Стрелец беше Тони Крос со мајсторски изведен слободен удар за големи три бода на Германците.

 


 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Срамно: Навивачите на Челзи ја навредуваат девојката на Даклан Рајс, таа ги избриша сите фотографии

Навивачите на Челзи на трибините на „Емирати“ за време на последното дерби го исмејуваа из…