Дома Македонски спорт Мак фудбал Голманот Ристе Јанков се врати во македонскиот фудбал

Голманот Ристе Јанков се врати во македонскиот фудбал

Македонскиот голман, Ристе Јанков е нов чувар на мрежата на штипска Брегалница.

За 25-годишниот голман ова е враќање во македонскиот фудбал каде што бранеше за Работнички. Во редовите на Брегалница Јанков пристигнува од романскиот тим Политехника Јаши.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Со овој клуб Јанков успеа од втората да стигне до првата лига во Романија, но потоа го загуби првотимскиот статус. Во потрага по клуб каде што ќе има редовно место помеѓу стартерите, Јанков побара предвремен раскин на договорот и се врати во ПМФЛ.

Јанков е дете на Работнички и неколку сезони беше прва „единица“ на клубот од Дебар Маало. По Работнички имаше кратка епизода во Каспија од Казахстан, а во Романија пристигна во август 2022 година.

Своевремено беше дел од У21 репрезентацијата на Македонија, но добиваше повик и во „А“ селекцијата со која беше дел и од Европското првенство во 2021 година како трет голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Владата побара да запре изградбата на стадионот во Тетово, градоначалникот Касами одбива!

На вчерашната седница Владата донесе одлука да се запре изградбата на стадионот во Тетово …