Дома Фудбал Останато Голманот на Севиља за нападот од навивачот: Има среќа што се воздржав…

Голманот на Севиља за нападот од навивачот: Има среќа што се воздржав…

Во вчерашните натпревари од Лигата на Европа, внимание привлече ситуацијата во која еден навивач го нападна голманот на Севиља, Марко Димитровиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се играа завршните моменти од натпреварот кога еден навивач се симна на теренот и го нападна гостинскиот голман. Сепак, голманот знаеше како да реагира и брзо го собори напаѓачот.

„Веројатно беше бесен поради резултатот, можеби беше малку луд или пијан. Ме турна и ме удри, но јас го соборив и го чекав обезбедувањето. Има среќа што се воздржав, не би кажал што сакав да му направам“.

„Кога некој ме напаѓа, нормално дека ќе се бранам. УЕФА мора да реагира и вакви инциденти не смее да има на фудбалските натпревари“, изјави Димитровиќ по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Moќта на Ламин Јамал: Од еден негов мал потег во финаледо моден бренд заработи милиони

Младиот шпански фудбалски феномен Ламин Јамал уште еднаш покажа колкава влијателност има н…