Дома Македонски спорт Големо засилување во Битола: Македонскиот репрезентативец потпиша за Пелистер

Големо засилување во Битола: Македонскиот репрезентативец потпиша за Пелистер

Репрезентативецот на Македонија, Андреј Магдевски повторно ќе го носи дресот на клуб од нашата земја.

Магдевски потпиша договор со битолски Пелистер и за него ова е враќање во домашната кошарка по епизодата која ја имаше во Холандија во редовите на Донар Гронинген. Магдевски се очекува да биде големо засилување за Пелистер и да придонесе многу во организација на играта.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


За Магдевски ова ќе биде четврти клуб во Македонија, претходно го носеше дресот на МЗТ Скопје, Еуро Никел и Гостивар. Од искуството во странство, покрај Холандија играше и во Унгарија.

Новата сезона за Пелистер не започна баш најдобро и забележа два порази, додека во АБА2 лигата забележа победа и пораз. За два дена во рамките од ова натпреварување во Битола ќе се сретне со МЗТ Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…