Дома Фудбал Италија Големо враќање: Серија А ја прескокна Премиер лигата!

Големо враќање: Серија А ја прескокна Премиер лигата!

За првпат по цели 13 години се случи во едно коло да триумфираат сите четири италијански екипи, па ако се суди според моменталната форма, Серија А полека го враќа загубениот примат во Европа.

Тоа јасно се покажа и на УЕФА ранг листата, каде Серија А ја прескокна Премиер лигата и сега е на второто место, веднаш зад изминатите години неприкосновената Примера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските клубови веќе неколку години имаат слаби резултати во Лига на шампиони притоа не се заинтересирани за Лига Европа, па тоа доведе до пад на ранг листата.

Италијанците претходната година ја поминаа Германија, која сега е далеку на четвртото место, а од денес во грбот им гледа и Англија.

Од оваа сезона важи правилото првите четири првенства според УЕФА ранг листата да имаат по 4 клуба во Лигата на шампионите, па тоа ја „спаси“ Бундес лигата, која ќе продолжи да има четири претставници во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…