Дома Македонски спорт Мак ракомет Голема победа, Македонија со 8 гола предност патува во Романија

Голема победа, Македонија со 8 гола предност патува во Романија

Македонската ракометна репрезентација со поддршка од трибините во „Борис Трајковски“ стигна до голема победа против Романија (30:22).

Македонија одлично го отвори мечот и после неполни три минути игра поведе со 3:0, а Талески од самиот старт покажа дека ова ќе биде негова вечер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Романија во после 17 минути игра успеа да дојде до израмнување (10:10), но потоа следуваа два гола на Лазаров, а на полувреме заминавме со предност 16:13.

Во вториот дел гледавме вистинско шоу на македонската репрезентација, со атрактивни погодоци и цепелини. Во последните минути комплетно се распадна играта на Романија, а ние тоа го искористивме за победа од 30:22.

Најефикасен ракометар на мечот беше Талески со 10 гола,  Кирил Лазаров  и Филип Кузмановски  дадоа по седум гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…