Вечерва се игра големото италијаско дерби на „Сан Сиро“ помеѓу Милан и Јувентус, а сите очи ќе бидат вперени секако во мега-ѕвездата Кристиано Роналдо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интересно, Роналдо кој до сега има постигнато 650 голови во кариерата, никогаш не постигнал гол во Милано. Денес ќе биде негов 6-ти натпревар на „Сан Сиро“ во потрага по првиот гол.
Роналдо до сега три пати играл против Милан, еднаш против Интер и еднаш во финалето на ЛШ против Атлетико Мадрид.
Единствена победа е токму мечот против „јорганџиите“, додека Милан и Интер до сега се неосвоиви тврдини за Португалецот.