Дома Останати Ракомет Гол на Манасков во клучните моменти, Везпрем до победа против Барселона

Гол на Манасков во клучните моменти, Везпрем до победа против Барселона

Унгарскиот шампион Веспрем денес со 29:28 ја победи Барселона во ракометната Лига на Шампиони и за Барселона ова беше прв пораз после девет месеци.

Репрезентативецот на Македонија, Дејан Манасков постигна два гола. Во еден изедначен натпревар, Перез де Вергас постигна гол на празна мрежа на две ипол минути пред крајот за 28:27 за Барселона, потоа Манасков изедначи само дваесетина секунди подоцна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Победничкиот дел беше дело на Лауге Шмид на 50 секунди до крајот. Дика Мем имаше две промашувања во самата завршница, додека Ненадиќ направи техничка грешка.

Најефикасен кај Веспрем беше Гаспер Маргуч со осум гола, Ненадиќ постигна пет. Кај Барселона по пет постигна Алеиш Гобез Абело, Инуе Лангаро и Мелвин Ричардсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…