Дома Фудбал Англија Го уништи Јунајтед на теренот, па навивачите на „ѓаволите“ го повикаа да направат – селфи! (видео)

Го уништи Јунајтед на теренот, па навивачите на „ѓаволите“ го повикаа да направат – селфи! (видео)

fans united

Toтенхем вчера во дербито на третото коло во Премиер лигата убедливо го победи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 3:0 и така му го нанесе првиот пораз во сезоната.

„Црвените ѓаволи“ изгледаа добро во првиот дел, на моменти беа и подобар тим. Имаа прилика и да стигнат до водството, но Ромелу Лукаку во 20 минута од натпреварот не погоди празен гол, а Погба нешто подоцна за малку беше непрецизен од работ на казнетиот простор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, кога Спарсите во 50 минута стигнаа до водство преку Хари Кејн тимот на Мурињо како да се изгуби на теренот.

Херој во големата победа на Спарсите беше Лукас Моура кој го постигна третиот гол за Тотенхем, а посебно убав беше последниот кога сам успеа да помине низ одбраната на Јунајтед и да погоди за 0:3.

Во тој момент голем број навивачи на гостите домаќинот започнаа да го напуштаат стадионот, а оние што останаа на крајот сакаа да се фотографираат со една од ѕвездите на натпреварот. Но, не со своите миленици, туку со противничките и тоа токму со херојот на „петлите“ – Лукас Моура.

Навивачите побараа фотографија, а Бразилецот мирно дојде до трибините и им ја исполни желбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…