Дома Топ вести Го одби Реал – сака трансфер во Лондон!

Го одби Реал – сака трансфер во Лондон!

Не се случува баш често некој фудбалер да го одбие Реал Мадрид. Флорентино Перез изрази голема желба да го донесе на „Сантиаго Бернанабеу“, но од трансферот сепак нема да биде ништо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, играчот за врска на Спортинг Лисабон, Желсон Мартинс, наводно одбил да премине во Реал Мадрид бидејќи смета дека нема да добива голема минутажа и со тоа ќе си ја уништи кариерата.

Португалската „Абола“ тврди дека Мартинс е на мета на Арсенал, па токму „топџиите“ се во пол позиција за неговиот потпис бидејќи играчот преферира преселба во Лондон.

Мартинс веќе дебитираше за португалската репрезентација за која одигра три натпревари, а медиумите тврдат дека најверојатно ќе остане во Спортинг до крајот на сезоната, а потоа ќе направи трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…