Дома Фудбал Го објавија датумот и терминот за „Ел Класико“

Го објавија датумот и терминот за „Ел Класико“

Најголемото дерби во шпанскиот фудбал помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се игра на 24-ти октомври во 16 часот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Денес Ла Лига официјално ги објави термините за следните кола, па „Ел Класико“ повторно ќе се игра во попладневен термин, а главна причина за тоа е азискиот пазар.

И минатото „Ел Класико“ требаше да се игра од 13 часот, но поради нередите во Каталонија беше одиграно на 18 декември наместо на 26 октомври, и тоа во ноќен термин.

Во сезоната 2017/18 првото „Ел Класико“ се играше од 13 часот, додека второто на „Камп Ноу“ почна во 16.15 часот.

Ова ќе биде прво „Ел Класико“ за оваа сезона и за жал ќе се игра пред празни трибини на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо по 13 години се враќа во Реал Мадрид

Големи промени се најавуваат во Реал Мадрид во пресрет на летниот преоден рок, а една од п…