Дома Фудбал Англија Го избркаа поради Бензема, па се врати во Премиер лигата

Го избркаа поради Бензема, па се врати во Премиер лигата

Португалецот Нуно Еспирито Санто е нов тренер на Нотингем Горест објави денес премиерлигапот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


49-годишниот стратег на клупата на Нотингем го наследува Стив Купер кој доби отказ поради лошите резултати.

Нотингем во овој момент се наоѓа на 17-тата позиција во Премиер лигата со само 14 освоени бодови.

Договорот кој го потпиша Санто е со важност до јуни 2026 година, а денеска тој ќе го води првиот тренинг со новиот тим. Дебито на клупата ќе го има против Бормут во рамките од 18-тото кол ово Премиер лигата.

Во кариерата претходно тој ги водеше Тотенхем, Вулверхемптон, Порто, Валенсија и Рио Аве, а последен клуб му беше Ал Итихад од каде што замина по несогласувањата со Карим Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скандал во последното коло во Премиер лигата? Поразот на Астон Вила носи можност за нов англиски тим во Лига на шампиони

Со освојувањето на Лига Европа, Астон Вила ја прекина 44-годишната пауза од европски трофе…