Дома Фудбал Гласот го крена и Карвахал: Вака нема да издржиме, ќе штрајкуваме!

Гласот го крена и Карвахал: Вака нема да издржиме, ќе штрајкуваме!

Шпанскиот ветеран Дани Карвахал е уште еден во низата фудбалери кои го кренаа гласот поради преголемиот број натпревари во сезоната.

Неодамна можен штрајк најави и играчот на Манчестер Сити, Родри, а сега истото го зборуваше и Карвахал.

„Има преголем број натпревари и размислуваме да штрајкуваме. Никој ништо нас не нѐ прашува и поради тоа мораме да го кренеме гласот“, изјави Карвахал.

За Реал Мадрид, Карвахал во минатата сезона одигра 55 натпревари, а поради новиот формат на Светското клупско првенство сезонава би можел да достигне и бројка од 70 натпревари.

Тука треба да се каже и дека Карвахал одигра 18 натпревари помеѓу двете лета, па така јасно е зошто се погласни се реакциите на фудбалерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Игра за ПСЖ и заработува девет милиони евра, а на тренинг дојде со – комбе! (Видео)

Португалскиот играч на средниот ред Жоао Невес (21), дел од тимот на Париз Сент-Жермен, ст…