Дома Фудбал Останато Геце објасни зошто го избрал ПСВ

Геце објасни зошто го избрал ПСВ

Maрио Геце вчера вечер и официјално стана нов играч на ПСВ.

Договорот на Геце со Борусија Дортмунд истече минатата сезона и тој како слободен играч се реши кариерата да ја продолжи во ПСВ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


28 годишниот фудбалер по потписот објасни зошто го избрал ПСВ.

„Имав навистина повеќе понуди ова лето, но јас сум човек кој сам носи одлуки. Убеден сум дека го направив вистинскиот избор, дали сум во право времето ќе покаже. Додека немав клуб тренирав самостојно и се спремав за новата авантура. Со нетрпение чекам да почнам да тренирам со новите соиграчи“, изјави Геце.

Геце во ПСВ ќе го носи дресот со број 22.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Компани доби понуда за Светското првенство, па даде експресен одговор

Тренерот Винсент Компани врши извонредна работа во Бајерн. Со Баварците веќе обезбеди 35-т…