Дома Фудбал Репрезентации „Германија е фаворит, Исланд не е како пред неколку години, на Македонија мора да внимаваме“

„Германија е фаворит, Исланд не е како пред неколку години, на Македонија мора да внимаваме“

Репрезентацијата на Македонија вчера ги доби ривалите во групата од квалификациите за Светското првенство во 2022 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во нашата група секако Германија е прв фаворит, а ние се надеваме дека можеме да влеземе во борба за втората позиција која носи во баражот. Дека можат да бидат втори веруваат и Романците.

Поранешниот репрезентативец на Романија, Даниел Панчу порача дека Германија е очигледен фаворит, а нас не опиша како „тврд орев“.

„Да, Германија е фаворит тука нема дилеми. Ние ќе се бориме за второто место. Од останатите репрезентации Исланд мислам дека не е силен како што беше пред неколу години, на Македонија ќе мора да внимаваме. Станува збор за репрезентација со одлични фудбалери која ќе биде „тврд орев“ за секого“, изјави Панчу.

Ќе потсетиме покрај Германија Романија и Исланд, во нашата група се уште Ерменија и Лихтенштајн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…