Дома Фудбал Англија Гвардиола со буџет од 300 милиони фунти купува четири играчи

Гвардиола со буџет од 300 милиони фунти купува четири играчи

Манчестер Сити на менаџерот Пеп Гвардиола уште една сезона ќе му дозволи да потроши огромна сума за трансфери.

Шпанскиот тренер влегува во својата последна сезона на клупата на Граѓаните, а очигледно е дека сака да ја заврши на спектакуларен начин, па ќе му биде дозволено ова лето да биде меѓу главните на трансфер пазарот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така Гвардиола во овој преоден рок ќе има на располагање дури 300 милиони фунти, а предвидено е со тие пари да купи четири играчи.

Приоритет ќе му биде да донесе двајца централни дефанзивци. Пеп не е задоволен од моменталните и сака да ја засили одбраната, а со Граѓаните се поврзуваат голем број фудбалери, помеѓу кои Кулибали, Давид Алаба, Аке…

Исто така, потребна му е замена за Лерој Сане кој се пресели во Баерн, а четвртото засилување исто така ќе биде офанзивен фудбалер, евентуално напаѓач.

Гвардиола со сигурност ќе исполни некои желби за наредната сезона, а останува да видиме дали Сити може да го симне Ливерпул од тронот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи му нуди трампа на Наполи: Лукаку и пари за Осимен

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен е eден од најбараните на фудбалскиот пазар и ова лето …