Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Ние ќе играме во полуфиналето од Лигата на шампионите, сигурен сум!

Гвардиола: Ние ќе играме во полуфиналето од Лигата на шампионите, сигурен сум!

Менаџерот на Манчестер Сити е сигурен дека неговиот тим ќе помине во следната фаза од Лигата на шампионите.

За Пеп Гвардиола нема дилеми, Манчестер Сити ќе игра во полуфиналето од Лигата на шампионите. „Граѓаните го изгубија првиот натпревар со 1:0, но Гвардиола е убеден дека неговиот тим може да го надополни тоа заостанување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Елиминација во четвртфиналето би било голем удар за Сити кој се обидува да ја издржи трката со Ливерпул во Премиер лигата и да остане во игра за титула во ЛШ. Во Сити го сакаат и ФА Купот.

Гвардиола тврди дека во неговиот тим нема паника поради првиот натпревар.

„Испаѓањето од Премиер лигата не е причина за било каква паника. Покрај тоа сигурен сум дека ќе игра во полуфиналето во Лигата на шампионите. Сепак, ако испаднеме ќе бидеме тажни ден-два. Потоа ќе ја продолжиме борбата во Премиер лигата, не очекува и ФА Купот“, изјави Гвардиола.

Но, Шпанецот не помислува на опцијата во среда неговиот тим да доживее пораз.

„Ако ме прашувате какво чуство имам, јас имам чуство дека ќе играме во полуфиналето оваа сезона. Го имав тоа чуство и пред почетокот на првиот натпревар. Можеби грешам, но јас сум сигурен дека ќе поминеме“, заврши Пеп.

Реванш натпреварот помеѓу овие два тима се игра во среда со почеток од 21:00ч асот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чеко…