Дома Фудбал Англија Гвардиола: Не сум опседнат со ЛШ, не ми зависи животот од тоа

Гвардиола: Не сум опседнат со ЛШ, не ми зависи животот од тоа

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека не е опседнат со освојување на Лигата на шампионите и дека неговата иднина во клубот нема да зависи од тоа колку е успешен во најпрестижното натпреварување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гвардиола има договор со „граѓаните“ до 2023 година, а до сега освои четири титули во Премиер лигата, но не успева да го подигне трофејот во Лигата на шампиони.

„Мојот живот не зависи од Лигата на шампионите. Би сакал да ја освојам, сите се обидуваат да го направат тоа, но јас не сум опседнат“, изјави Пеп Гвардиола.

„Сакам тимот да напредува и да игра подобро. Тоа ми е главната работа. Тука сум да го направам тимот подобар и играчите да се претстават подобро. Сите знаат дека титулите се важни, но не размислувам што ќе се случи за 11 месеци од сега или ако загубиме. Тоа не е единственото нешто. Ако победиме, ќе бидам генијалец, а ако не успееме, ќе доживееме неуспех. Ништо не се менува“, изјави Каталонецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oбјавена платата на новата ѕвезда на Сити од 135 милиони евра, еве колку ќе заработува

Манчестер Сити се договори со Нотингем Форест за трансферот на Елиот Андерсон, кој достига…