Дома Топ вести Гвардиола го возвраќа ударот: Се откажа од Санчез, но ја носи големата желба од Мурињо за 100 милиони

Гвардиола го возвраќа ударот: Се откажа од Санчез, но ја носи големата желба од Мурињо за 100 милиони

Раководството на Манчестер Сити му дали ветување на Пеп Гвардиола дека ќе му донесе нов напаѓач ако клубот не успее да го доведе Алексис Санчез, пренесува „Манчестер Ивнинг Њус“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат бројните англиски медиуми ѕвездата на Арсенал најверојатно ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, иако во трката се вклучи и Челзи, па Гвардиола сега своето внимание ќе го насочи кон Антоан Гризман.

Иако веќе подолго време се поврзува со Барселона и Манчестер Јунајетд, Гвардиола многу ги почитува квалитетите на Французинот и е спремен да го донесе следното лето.

Како што е познато, клаузулата на Гризман од 1-ви јуни ќе изнесува 100 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за „граѓаните“.

Притоа, Манчестер Сити се идвојува како фаворит за неговиот потпис, бидејќи е спремен да му понуди многу поголема плата за разлика од Барселона и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…