Дома Фудбал Италија Гатузо: Не одиме во Лондон на одмор

Гатузо: Не одиме во Лондон на одмор

Италијанскиот тренер Џенаро Гатузо смета дека неговиот тим има 30% шанса да го елиминира Арсенал.

Милан на „Сан Сиро“ беше поразен од Арсенал со 2:0 во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на Европа, а реваншот се игра во четврток во Лондон.

„Не одиме во Лондон на одмор. Не сме во добра позиција, но мораме да се бориме за нашиот свет грб. Имаме 30% шанси и нема да се откажеме од нашата цел“, изјави Гатузо кој потоа зборуваше за победата против Џенова во која Андре Силва постигна гол во последните секунди.

„Покажавме карактер и тоа беше важно после поразот од Арсенал. Мило ми е поради Силва постигна важен гол кој ќе му даде самодоверба и ќе му помогне во продолжение од сезоната“, истакна Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул размислува за разделба со Јереми Фримпонг

Ливерпул би можел да се раздели со Јереми Фримпонг поради слабата дефанзивна игра против М…