Дома Фудбал Италија Гатузо: Малку атмосферата, малку судијата, но нема оправдување

Гатузо: Малку атмосферата, малку судијата, но нема оправдување

Милан со вчерашниот пораз од Олимпијакос во Пиреа со резултат од 3:1 беше елиминиран од Лигата на Европа.

Ова е прв за славниот клуб да биде елиминиран во групната фаза во некое европско натпреварување уште од 2000 година, па логично е тренерот Гатузо да е разочаран.

„Многу сме разочарани, но овој натпревар буквално му го подаривме на Олимпијакос. Цело време игравме лошо, противникот беше подобар и нема оправдување за елиминацијата. Жал ми е за милион наши навивачи кои вечерва се тажни“.

„Морам да кажам дека судијата донесе неколку многу дискутабилни одлуки, а и атмосферата на стадионот беше пеколна. Не се снајдовме, но тоа не смее да биде изговор. Често изгледаме како екипа која нема доволно самодоверба и одлучност. Направивме исти грешки како минатата година против Арсенал, но и понатаму тврдам дека сме посилен тим од Олимпијакос“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Дајк пред средбата со Клоп: „Многу се радувам што повторно ќе го видам“

Вирџил ван Дајк со емотивни зборови зборуваше за повторната средба со Јирген Клоп, кој сег…